Во Скопје денеска ќе бидат отворени малите групни домови за децата од Јавната установа „25 Мај“. Отворањето официјално ќе се одбележи во групниот дом во населба Влае на улицата „Иван Цанкар“ број 115, зад бензинската на Макпетрол, по пешачкиот мост.
Одлука за давање на помош во висина од два милиони денари за настраданите во катастрофалните пожари во Република Грција донесе на втората вонредна седница Советот на Град Скопје.
Домашни и странски делегации денеска на градските гробишта во Бутел, положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, што се случи пред 55 години.
Скопјани денеска во 5:17 часот ги разбуди звукот на сирените во знак на потсетување на катастрофалниот скопски земјотрес од 26 јули 1963 година.
Црвен крст на Град Скопје традиционално денеска организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, но и во знак на покажаната солидарноста и хуманоста на нашите сограѓани.
„Од Братство и единство ’63 до Скопје ’63“ е насловена тематската изложба што по повод 55 години од скопскиот земјотрес ја организира Музејот на Град Скопје.
Под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“ вечер во општина Илинден ќе бидат одбележани патрониот празник на општината - „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.
Антологијата на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес насловена „Ден судбоносен – 26 јули 1963“ по повод 55-годишнината од овој најтрагичен настан во поновата историја на Скопје, ќе биде промовирана вечер во 19,00 часот во Домот на културата „Димитар Влахов“ во скопската населба Автокоманда.
Скопје никогаш повеќе да не се бори со природни катастрофи од вакви размери, како што беше земјотресот од 26 јули 1963 година. Да шири оптимизам и да настојува во нашата средина да завладее еден поинаква перцепција на нештата кои се нераскинлив дел од развојот на овој град.
Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 55 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.