По овие две содржини, во 21:30 часот ќе почне музичката програма „Разговор со смисла“ која вклучува концерти на Mammoth & Yashem, Тодор Караколев, импров сесија со музичари од новата скопска сцена.
Во општина Аеродром вчера се организираше акција за третирање на бездомните кучиња, во соработка со жители од општината, љубители на животни, кои доброволно излегоа на терен заедно со службите на стационарот „Вардариште“.
Инспекција на општина Центар изминатите денови, по претходна опомена и известување, спроведе акција за отстранување на диво поставените тезги и дивите препродавачи околу "Зелен пазар".
Антологијата на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес „Ден судбоносен - 26 јули 1963“ утревечер со почеток во 19 часот ќе биде промовирана во Домот на културата „Димитар Влахов“ во скопската населба Автокоманда.
На пет различни локации низ главниот град утре во 5:17 часот ќе се спроведе аудио-уметничка акција во траење од една минута „Разбуди се Скопје“, која треба да ги потсети граѓаните на точното време на катастрофалниот скопски земјотрес од 26 јули 1963 година.
Автобуската постојка во подрумот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје денеска од 12 часот нема да биде во функција до утре во утринските часови, соопшти ЈСП Скопје.
Директорот на Зоолошката градина Скопје Ѓорѓи Галетановски денеска се сретна со градоначалниците на Кисела Вода и на Бутел Филип Темелковски и Велимир Смилевски.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска телефонски разговараше со неговиот атински колега Јоргос Каминис и му изрази длабоко сочувство за загинатите граѓани во стихијниот пожар што ја зафати околината на Атина.
Општина Аеродром се приклучува кон глобалниот настан за мапирање и расчистување диви депонии инициран од движењето „Let's Do It! World“.
Градоначалниците на Скопје и Тирана стапиле во контакт со нивниот атински колега и му изразиле поддршка, но и му понудиле да испратат помош, соопштуваат од кабинетот на градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис.