На новороденчињата им беа доделени ваучери во вредност од 6.000 денари, а најталентираните ученици од основните училишта добија награди за постигнатиот успех на полето на науката, спортот, културата и уметноста.
Денеска со шампањско и со маици „Имаме план за живот во Центар“, вработените од улица го „прославија' рушењето на кафе-барот „Бастион“, кој се наоѓа на Ленинова (Аминта Трети).
Советот на град Скопје донесе одлука согласно која предвидовме од оваа сезона на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ да се означат места и за паркирање на мотори и моторцикли, изјави денеска за МИА градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Дислокација на предвидената катна гаража, додавање ново и задржување на постоечкото зеленило, проблемот со паркинзите, како и помалиот број идни објекти, беа главните забелешки на жителите на денешната презентација на Предлог-Деталниот урбанистички план Градска четврт 04 „Даре Џамбаз“.
Општина Центар денеска почна да ги отстранува терасите пред угостителските објекти откако сопствениците, и по шест месеци, колку што им беше оставено време, тоа не го сторија.
Шилегов додаде дека Градот со УСЈЕ има започнато начелни разговори како дел од Стратегијата за управување со комуналниот отпад на Град Скопје имајќи ја предвид можноста која ја нуди УСЈЕ за употреба на алтернативното гориво во нивниот технолошки процес.
Вкупно 2.700 дечиња во општина Карпош од декември 2017 година до 1-ви јуни годинава се прегледани во рамки на проектот за проверка на видот.
Инсталација „City Tree“ која придонесува кон ублажување на проблемите со загадувањето на воздухот, е поставeна во населба Аеродром.
Во рамките на оваа акција беа запленети над 10 тони стока, која по направените записници од пазарната инспекција беше однесена во Агенцијата за управување со одземен имот.
Рециклажниот центар на ЈП „Комунална хигиена“ во општина Карпош од денеска ќе почне да функционира по сите европски стандарди, најави денеска градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.