Организаторите на трката „Скопје трча 10 км“ соопштија дека од денеска почна пријавувањето на сите кои сакаат да земат учество на овој спортски настан.
Најдобрите екипи во средноучилишните лиги на град Скопје за учебната 2017/18 денеска добија признанија и благодарници од градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Екипата на Компанија Атанасовски е победник на седмиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2018“, откако синоќа во финалето во Спортски центар „Ново Лисиче“ го совлада тимот на Маг Логистик со 3:0.
Распишан е конкурс за идеен проект за нова градска болница на подрачјето на општина Аеродром. Конкурсот ќе се спроведува преку Електронскиот систем за јавни набавки.
За најеколошка компанија (фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес кон зачувување на животната средина) е избрана Греен Бсн Македонија Дооел Увоз-Извоз Скопје, која е добитник на награда во износ од 45.000 денари.
На плоштадот „Македонија“ вечер од 19 часот ќе почне 13. Фестивал на улични уметници „Баскерфест“ со дефиле на 20-ина учесници од земјава и од странство.
ЈСП-Турс денеска соопшти дека започна со реализација на проектот „Лето во Македонија“ за развој и афирмирање на манастирскиот туризам.
Изнаоѓањето решение за намалување на загаденоста што ја предизвикува патниот сообраќај во земјава е главната цел на форумот „Намалување на загадувањето на воздухот со електромобилност“ што денеска во Скопје го организира Делегацијата на германското стопанство во Македонија.
Хуманитарен настан „Да растеме заедно” ќе се одржи денеска во Скопје во организација на невладината организација „Аутизам ААМК” .
На Водно кај Скопје денеска беа возени трки од домашниот шампионат на ридско-брзински трки. Бодови освоија првите три возачи од секоја категорија: А-1150, N-1400, E1-1600, E1-2000, N/SP-2000, E1+2000.