Во рамки на пролетната акција на Град Скопје за зазеленување на јавните површини, денеска пред објектот на Македонска пошта на булеварот ВМРО, беа засадени шеснаесет јавори.
Градските власти го купиле дрвото гинко кое треба да се засади на местото од каде што беше отстранет споменикот на Андон Јанев-Ќосето, објави „Независен“. Дрвото ќе биде засадено на 5 мај кога се очекува Град Скопје да го посети делегација од збратимениот Нирнберг.
Коњите и кочијата ќе се продаваат по пат на усно јавно наддавање, одлучи Град Скопје. Која ќе биде почетната цена, овластени проценители допрва ќе треба да одлучат. Оваа одлука утре се очекува да биде усвоена од Советот на Град Скопје, пренесува Независен.
Скопје ќе биде домаќин на првиот Дигитален самит за Западен Балкан што ќе се одржи на 18 и 19 април со учество на шефови на влади од Западен Балкан, министри одговорни за дигиталната агенда од земјите од регионот и земјите-членки на ЕУ.
Град Скопје и општина Центар и годинава ќе доделат субвенции за купување велосипеди. Граѓаните ќе можат да аплицираат на јавните повици кои се во фаза на подготовка и наскоро треба да бидат објавени.
Посетата, како што соопшти Град Скопје, е по повод 6 Април – Ден на градот. Овој датум е еден од најважните во историјата на Сараево, ден кога се одбележува годишнината од опсадата на Сараево во 1992, како и на ослободувањето во 1945 година.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов им го честита Велигден на сите граѓани од православна вероисповед што го прославуваат големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден.
За Велигденските празници, односно на ден Велигден сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Во текот на престојните празнични денови службите на Здравствен дом Скопје ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови.
Град Скопје денеска потпиша Меморандум за соработка со ЈП „Комунална хигиена“, Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Go green“ и Здружението Ромски бизнис информативен центар во Македонија со цел унапредување на соработката во управувањето со отпад.