Смена на одделенски наставници од второ одделение во целодневна настава, при тоа без никаква најава и за време на зимскиот распуст, е причина за бојкот на наставата во основното училиште Димитар Поп Ѓеорѓиев Беровски во скопската населба Ѓорче Петров.
Напаѓачите почнале да кршат чаши и шишиња како и дел од инвентарот во локалот во присуство на гости. Причина за физичкиот напад било несогласување околу плаќање на сметка во локалот.
Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан утрово по повод празникот Собор на свети Јован Крстител богослужеше Златоустова литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Ново Лисиче.
Даниел Дончевски од Ченто по петти пат го фати Светиот крст во водите на реката Вардар што денеска напладне од мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“ го положи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре (19 јануари) поради верскиот празник Водици.
Сто и педесет луѓе утре ќе учествуваат во традиционалното спуштање на крстот на Богојавление - Водици во Вардар во центарот на Скопје, информираше Скопската епархија. Пријавувањето беше од 10-ти до 17 јануари.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов неодамна на брифинг со медиумите посочи дека за месец и пол Град Скопје извршил над 240 инспекци. Во моментов имаат 13 луѓе со звање инспектор, 10 се комунални и три се за животна средина, а имаат и 13 возачи.
Повеќе од 40 луѓе досега се пријавиле да учествуваат во традиционалното фаќање на крстот в петок на Богојавление – Водици во Вардар во центарот на Скопје.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, деновиве е во официјална посета на Загреб, Република Хрватска, каде утрово оствари работна средба со градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.
Пријавувањето за најмасовниот планински настан во регионот, „Прв до врв“ на Водно, е отворено за сите оние кои сакаат да се пријават за учество во трките по намалена цена, информираат организаторите.