Виз Ер Скопскиот маратон во 2018-та на несекојдневен начин ќе ги спои музиката и спортот, збогатувајќи ја програмата со нови активности кои имаат тенденција да го направат ова доживување незаборавно, како за учесниците, така и за публиката.
Уставниот суд денеска ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на членот 66, од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика.
Град Скопје и Агенцијата Свот Рисерч (SWOT Research) по единаесетти пат извршија избор за најдобри трговски објекти, активност која што и оваа година се реализира во рамките на проектот „Месец на трговијата”.
Активисти на Движењето ЛЕАД ќе го реализираат нивниот проект „В џеб, ако нема каде друго“, денеска од 15 часот, на Водно. Учесниците на ЛЕАД со поддршка на волонтери, ќе го чистат Водно од отпадоци.
Забрана за доставување стока во периодот од 7:30 наутро до 18 часот од 1 декември до 31 март на потесното градско подрачје со цел намалување на загадувањето, донесе вчера Советот на град Скопје.
Советот на Град Скопје на денешната трета седница го усвои Предлог-Буџетот на Град Скопје за 2018 година, што е за 10% помал во однос на буџетот за 2017 година предложен и усвоен од претходното градско раководство. Буџетот на Град Скопје за 2018 година изнесува вкупно 6,2 милијарди денари.
Извлечено е возилото што попладнево пловеше во водите на реката Варадар, потврдија за МИА од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
Екипи на Министерството за внатрешни работи и Противпожарната заштита попладнево преземаат мерки за вадење на патничкото возило „Нисан“ од реката Вардар кај ГТЦ спроти Телеком.
Еден повозрасен маж бил нападнат од кучиња скитници на плоштадот Македонија во Скопје, по што едно од нив го каснало.
Во Скопје на улица „Македонија“, денеска по десетти пат се одржа марш на црвените чадори, во рамки на меѓународниот ден „Стоп за насилството врз сексуалните работници“, во организација на Граѓанската иницијатива за заштита на правата на сексуалните работници „Стар-стар“.