Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска оцени дека е политички мотивирана иницијативата на Фејсбук преку која родители најавуваат дека нема да ги пуштаат децата на училиште во знак на револт од загадувањето во Скопје.
Саша Богдановиќ рече дека се преземаат мерки да се е расчисти случајот за да не ни се случи масовно труење на животните, а за таа цел ќе има секојдневни контроли.
Во Карпош утринава канцерогените ПМ10-честички достигнаа 354 микрограми на еден кубен метар што е за седум пати повеќе од дозволените 50 микрограми. Во Центар беа измерени 283, во Лисиче 211, а во Гази Баба 267 микрограми на метар кубен односно шест пати повеќе од дозволеното.
Проектот на УСАИД за граѓанско учество (ПГУ) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска организираат панел дискусија за политики за заштита на квалитетот на воздухот во Скопје.
Според оценките најдобрите три ресторани, три гостилници и три кафе барови во Град Скопје, избрани според исклучителноста на угостителските услуги, уникатниот амбиент и специфичната приказна која ја креираат, денеска добија признанија за својот квалитет и престиж.
Предновогодишна „чистка“ во Јавното сообраќајно претпријатие. Околу 250 лица, според нашите информации, вработени преку Агенција или со директен договор со ЈСП ќе останат без работа.
Според временската прогноза која ја добиле од М-НАВ, подобрување на временските услови се очекуваат по 10 часот, што треба да овозможи летовите да бидат реализирани според редовниот распоред на летање.
Адриан Муча од МТСП е нов директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ од Скопје.
За време на вонреден инспекциски надзор на „Дрисла“ во селото Батинци, што бил извршен на 1-ви декември, Државниот инспекторат за животна средина утврдил дека воздухот се загадува со јаглероден моноксид, сулфур двооксид и прашина, од согорувањето во печката за медицински отпад.
– Со секоја нова реконструирана и изградена улица Градот Скопје предвидува изградба на соодветни велосипедски и пешачки патеки, а се со цел да се овозможат алтернативни начини на движење на граѓаните на град Скопје, рече Шилегов.