- Од следната недела во бараката број 16 во Град Скопје ќе се работи двосменски, од 7:30 до 19:30 часот. Во текот на работењето ќе има две паузи, од 11:30 до 12 часот и од 14:30 до 15 часот.
Тема на овогодишното издание на SDW е „Звукот на материјалите”, каде водејќи се од фактот дека материјалите, достапноста на истите и нивната обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ.
Одборот за доделување на наградата „13 ноември“ на Град Скопје по спроведеното тајно гласање денеска ги соопшти добитниците за 2017 година.
Сообраќајот во централното градско подрачје во Скопје денеска од 13 часот ќе биде пренасочен поради најавениот протест против одлуките на судот за обвинетите во случајот „Дива населба“.
Карпош прерасна во своевиден „град во градот“, со многу спортски, културни, образовни и филантропски манифестации. Општина Карпош е прогласена за најтранспарентна и општина со најголема социјална инклузија.
Општина Аеродром го раскина договорот за изградба на тениски игралишта, кој бил потпиша со компанијата „Тенис парк“, во сопственост на Сергеј Самсоненко, информираат од опшината.
МВР информира дека поради верскиот празник Задушница, утре и задутре (04./05.11.) во периодот од 06 до 16 часот ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот кај гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров.
Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска најави дека ќе биде формирана комисија која ќе го опфати целокупното работење на проектот „Скопје 2014“.
Моменти од животот на скопјани преку оригинални фотографии од збирката на Музеј на Град Скопје ќе бидат прикажани на изложбата „За спомен и долго сеќавање“. Автори се Славица Христова, Татјана Ѓорѓиовска и Оливера Џартовска-Тачевска.
Скопскиот градоначалникот Петре Шилегов ја сопре изградбата на 95 фасади кои требаше да добијат нов барокен лик, а се реновираа по налог на поранешниот градоначалник Коце Трајановски.