Еко-акција за чистење на околината и водите на езерото „Матка“ ќе спроведат вработените и менаџментот на Пивара Скопје, амбасадите на Велика Британија и Холандија, Пакомак и нуркачите од спелеолошкото друштво „Врело“.
Околу 100 тима со по 4 натпреварувачи, преку своето учество на третата по ред хуманитарна штафетна трка, денес ја дадоа својата поддршка за квалитетно лекување на пациентите со Вилсон и другите ретки болести во земјава.
Системски пристап и можност за правилно и квалитетно лекување на пациентите со Вилсонова и други ретки болести, е целта на третата хуманитарна штафетна трка, „Подај рака 2017“ што ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје.
Низ улиците на Скопје денеска по втор пат ќе продефилираат околу 100 моторцикли, управувани од господа и дами во официјална гардераба како дел од хуманитарниот настан „Distinguished Gentleman’s Ride”.
Настанот ќе започне во 12 часот во кафулето „Централ парк“ до езерцето во Градскиот парк со Изложба на зелениот појас во Македонија и доделување награди за најдобрите фотографи кои учествуваа на годинешниот фото конкурс за Европскиот зелен појас.
Програмата опфаќа 30-тина настани кои ќе се одвиваат паралелно, настапи на повеќе музичари меѓу кои хорот Симбиосис, Шурбе, Џун, Концепт 59, РИБ и Тамара Тодевска.
Над 500 ученици и граѓани на Скопје денеска во рамките на Европската недела на мобилност учествуваа на велосипедското дефилето по повод Меѓународниот „Ден без автомобили“ кои од Порта „Македонија“ возеа до Школка во Градскиот парк.
Во организација на „Виз Ер Скопски маратон“, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт во Скопје на 8 октомври (недела) ќе се одржи улична трка „Скопје трча 10 км“.
Градот Скопје ги поканува граѓаните на големото велосипедско дефиле што ќе се вози на градските улици по повод 22 септември – Денот без автомобили и крајот на Европската недела на мобилност 2017.
Како што појасни Александар Трпковски од „Го Грин“ денеска на четири различни локации на младите кои ќе се движат со велосипеди ќе им бидат презентирани повеќе начини на употреба на алтернативен транспорт.