Со новата спортска сала, училиштето, кое има 493 ученици, ќе добие соодветен простор за часовите по физичко воспитување, како и за развој на спортски активности. Објектот ќе може да го користат и жителите на општината за организирање локални спортски настани и активности.
Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира за реализација на новиот проект за изградба на три фитнес зони.
Со изложби, креативни работилници, концерти, базари, саеми и други културни настани стартува третото издание на „Маалски фестивал“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека со фестивалот општината гради традиција на различни културни вредности.
Основното училиште „Киро Глигоров“ е вториот објект во Општина Центар кој доби фотоволтаични панели на покривот.
Според неофицијалните и првични информации на Европскиот сеизмолошки центар земјотресот бил на 20 километри од Скопје со јачина од 3.8 степени според рихтер.
Државен натпревар во прва помош се одржал денеска во Скопје, организиран од Црвениот крст во соработка со Општина Ѓорче Петров, соопштија попладнево од локалната самоуправа.
Градоначалникот Александар Стојкоски, во своето обраќање, истакна дека е голема чест, но и обврска, да се води општина која го носи името на македонскиот револуционер Ѓорче Петров.
Со положување свежо цвеќе на споменикот на Ѓорче Петров во реонскиот парк и со свечена седница на Советот, општината го одбележа празникот на општината – 20 септември.
Во првата биотехнолошка лабараторија која Град Скопје со поддршка на УНДП ја отвори во средното училиште „Марија Кири Склодовска“ се одржа настан во организација на УНДП за иновативни програми за трансформација на биоотпадот и биотехнологии.
По налог на Општина Центар, расчистен е напуштениот објект на улица „Владимир Полежиновски“, зад ТЦ Буњаковец, во кој со месеци диво биле вселени бездомни лица и зависници.