Од Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информираат дека по повод државниот празник „8 Септември“ - Ден на независноста, в сабота и во понеделник ќе се работи по неделен возен ред.
Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски денеска го отворија спортско-рекреативниот центар „Драго Маневски“.
Тимот „МЕС рејсинг“ брои 20 студенти, главно од Машинскиот и Факултетот за електротехника и информациски технологии и неколку студенти од другите факултети.
Вчера, 05.09.2024 година на плоштадот во Автокоманда во организација на општина Гази Баба се оддржа манифестацијата во чест на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.
Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ по 11. пат ќе се одржи во Општина Аеродром од 10. до 14. септември, а овој пат театарските завеси пред публиката ќе бидат кренати во паркот „Авионче“.
Нотите на чалгиската музика вчеравечер беа во центарот на збиднувањата во Ѓорче Петров. Чалгискиот концерт кој се одржа во паркот на популарното „Корзо“, остави само позитивни емоции и посебни моменти за присутните.
Согласно наведените критериуми, информираа од Општината, субвенционирањето за кофинансирање за набавка на пелети за домаќинствата ќе биде во износ од 50 проценти од вредноста, но не повеќe од 10.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход.
Градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски вели дека достапноста на јавните услуги мора да биде право на секое лице, а не привилегија.
Настанот беше посветен на Меѓународниот ден на семејството, а преку нотите на музиката заедно покажавме дека радоста и љубовта кон семејството се нашата мотивација која не движи низ секојдневието.
Граѓанската организација „Младите можат“ ја почна кампањата „Твоја приказна, наша поддршка“, чија основна цел е зголемување на свесноста и информираноста за важноста на менталното здравје кај младите на возраст од 14 до 18 години.