Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ известуваат дека и годинава ќе овозможат бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“.
Локалната самоуправа и ЈКП ,,Водовод” – Илинден континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа на територија на општина Илинден, со цел задоволување на потребите на корисниците
Марија Андоновска, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје на денешната седница на Град Скопје потенцираше дека од градоначалничката Данела Арсовска не добиле ниту еден одговор на поставените советнички прашања
На денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба на предлог на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата донесе одлука за определување на 500.000 денари дополнителна финансиска поддршка за ФК Скопје.
Со ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева, додека со ЈП Улици и патишта Саид Саид. На в.д директорската позиција во ЈП Паркинг назначен е Крсте Петревски, во ЈП Паркови и зеленила Реџепи Зухејр, додека со ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков.
Во дворот на основното училиште „Димитар Македонски“ во населба Лисиче денеска се одржа завршниот настан од проектот „Справување со загадувањето во Град Скопје“, кој во изминатиот период низ неколку фази се реализираше во Општина Аеродром
Мерките преземени за подобрување на енергетската ефикасност на домовите и замената на старите грејни тела и шпорети со нови во над 120 домаќинства во населбата Лисиче дадоа резултат и покажаа намалување на загадувањето на воздухот во домовите и во околината каде што беа направени интервенциите
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека поради уличен дефект на ф-80 милиметир на улица „Христо Татарчев“ број 47, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од оваа улица во населбата Кисела Вода, на потегот од „Гет Кафе“ до последна автобуска станица на 24-ка
Прекин во водоснабдување денеска од 9 часот ќе имаат дел од корисниците од улиците „Чаирска“ и „Отокар Кершовани“ и факултетите при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, односно Економскиот факултет и Ректоратот
Без електрична енергија денеска од 8:00 до 14:30 часот ќе останат дел од корисниците од Средно Водно, Горно Нерези и Крушопек