По налог на Град Скопје, а по пристигнати барања преку е-поштата на 24 часа отворен град, екипите на ЈП „Улици и патишта“ поставија заштитни столпчиња за зголемување на безбедност на пешаците на улицата Франклин Рузвелт
Ги потсетуваме студентите кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз дека уште неколку дена имаат право на бесплатен превоз со незаверен/непродолжен билет за 2022 година
Градот Скопје јавно упатува покана до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска за присуство на отворена работна средба на која ќе и се презентираат факти за грешките во проектот и техничката документација за текот на работите за реконструкција на Универзалната сала.
Претходното раководство на Градот Скопје платило енормна сума над 75.000 евра за изработка на Официјален веб портал на Град Скопје кој никогаш не профункционирал во целост, односно Градот платил поголема сума од реалната за ваков тип на услуга која не била реализирана како што било предвидено.
Црвениот крст на Република Македонија продолжуваа да им дава поддршка на семејствата чии членови загинаа во сообраќајната несреќа што се случи во Република Бугарија на 23.11.2021 година, во која животот трагично го загубија 45 лица, а седум лица беа повредени
Поради дефект на приклучна цевка на улица „Кримска” 28, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе бидат неколку улици од општините Аеродром и Кисела Вода
Проектот за реконструкција на Универзална сала е подготвен нестручно и непрофесионално, од страна на претходното градско раководство, кое знаело за проблемите кои постојат при изведувањето на овој проект, но истото го сокриле од јавноста.
Правиме максимални напори да обезбедиме соодветни услови за квалитетно образование на нашите најмлади жители. Иднината е во децата, а образованието е многу значаен сегмент од животниот процес
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, во целост ги демантира како невистинити ставовите на порашениот директор на ЈУГД Детска Радост Скопје, Анета Петровска, а поврзани со постапката за нејзиното разрешување