Екипите на Град Скопје почнаа со финално асфалтирање на булеварот АСНОМ на потегот кај Ист Гејт. Овие градежни активности се дел од проектот за изградба и пробивање на булеварот АСНОМ низ Керамидница кон Аеродром.
Директорката на Универзитетската клиника за детски болести Аспазија Софијанова денеска прими донација од „Спомен куќа на Тодор Проески“ од Крушево, играчки мечиња за децата кои боледуваат од рак.
Оттаму наведуваат дека се бара средбата да се реализира со членовите на управниот одбор на ЗЕЛС со Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и со претставници на ресорите кои се директно поврзани со справување со последиците од енергетската криза.
Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција санкционирале 151 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Како дел од мојата заложба за одговорното, транспарентно и отчетно работење, пред Вас денеска го презентирам отчетот за сработеното за првите 100 дена од мојот мандат како градоначалник на Општина Илинден
Екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, по налог на Град Скопје, изминативе денови ја реконструираа средишната жардиниера на булеварот „Дванесетта македонска бригада“, во Општината Аеродром
На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа
Грaдоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, предводени од претседателката Кристинка Радевски, Жаклина Ангеловска, раководител на одделението на архитекти урбанисти, како и генералниот секретар на Комората, Димче Атанасовски
ЈП Градски паркинг- Скопје понекогаш се соочува со проблем при процесирање на пораките за паркирање или за стопирање на паркирањето, испратени од страна на корисниците, информираат од претпријатието
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 рече дека на изминатите седници на ЗЕЛС, се детектирани се зголемените сметки на ниво на сите општините, особено на оне каде им се еднострано прекинати договорите со дистрибутерите на електрична енергија.