Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска првпат се одржа натпревар во прва помош за екипи од основните училишта. Учествуваа училишта од општините Ѓорче Петров, Сарај и Карпош, односно вкупно 23 екипи.
Дечињата од населбата Илинден од денес добија ново детско игралиште кое се наоѓа во рамки на Домот на култура „Илинден“.
Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е регистиран денеска во 10:48 часот во Скопје и околината.
Водата во Скопје е добра за пиење, покажуваат резултатите од најновиот извештај на скопското Јавно претпријатие „Водовод и канализација“.
Износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50 отсто од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел односно до максимум 10.000,00 денари по производ.
Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел, како што велат да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.
Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира дека оваа година доделуваат 1.800.000 денари финансиска поддршка за ФК Вардар.
Во Градскиот парк во Скопје, денеска, во организација на „Гоу грин Скопје“ се одржа настанот „Бараме климатска акција сега!“, од каде беше испратена порака за подигнување на јавната свест за климатските промени и превенција од негативните влијанија врз нашата држава.
Поради зафат за приклучување на селата во Сарај на градскиот водовод, утре се очекува намалување на притисокот на водоснабдувањето за жителите во општина Сарај и дел од општина Ѓорче Петров.
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека утре поради државниот празник Св.Кирил и Методиј, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.