Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните рути при своето движење со возила кон излезот од Скопје во источен правец, по булеварот Александар Македонски.
Успешно се спроведе крводарителската акција што денеска беше организирана во просториите на Општина Аеродром
Преку енергетските задруги, повеќе луѓе, заедници на сопственици можат да се здружат и да обезбедат пристап до обновлива енергија, фактички да ги инвестираат своите заштеди во својата иднина
Екипите на ЈП Водовод и канализација Скопје извршија реконструкција на атмосферска мрежа со профил ф200 во должина од околу 70метри на бул. 8 Септември
Со отворањето на новиот објект на стационарот за кучиња и спроведувањето на новата програма, ЈП „Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници, како и намалување на нивниот број на скопските улици.
Поради градежни работи на булевар „Александар Македонски“ во правец кон излезот на Скопје, вон функција се постојките кај „Меркур“ и „Автодром“, автобусите застануваат само на постојките кај „Алкалоид“ и СЕТУ „Михајло Пупин“, информираат од ЈСП Скопје.
Музичките уметници со светско реноме Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов вечер ќе го отворат 39-ти Скопски џез фестивал, што ќе се одржува до 17 октомври годинава.
Градот Скопје известува дека улицата Лазар Личеноски ќе биде целосно затворена за сообраќај на потегот од СРЦ „Кале“ до пред Амбасадата на САД во периодот од 05 часот на 14.10.2020 година до 19 часот на 15.10.2020 година, поради асфалтирање.
Корисниците на потегот од булевар „Св. Климент Охридски“ до улица „Аминта Трети“ утре од 8:30 часот ќе останат без вода.
Патувачкото кино на 11. „Македокс“ годинава се одвиваше во Скопскиот регион. Патешествието на магаренцето натоварено со документарни и анимирани филмови се одржа од 8 до 12 октомври, притоа посетувајќи ги населените места Драчево, Радишани (ОУ „Ацо Шопов“), Волково (СРЦ „Бранители“), Горна Матка и Булачани (ОУ „Наум Охридски“).