Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот, информира јавното претпријатие Водовод и канализација-Скопје.
Општина Шуто Оризари и Кризниот штаб апелираат до граѓанските организации во иднина да не ја известуваат јавноста за заболени по улици, како што е случајот со „Брсјачка буна“.
За да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена, екипите на Град Скопје по вторпат спроведуваат голема акција за миење и дезинфекција на јавните површини во Скопје.
Општина Аеродром објавува Јавен повик за онлајн работа и достава на неопходни прехранбени продукти од економски оператори - маркети што работат на територијата на Општина Аеродром, како резултат на последните мерки на Владата поврзани со пандемијата со коронавирусот и воведениот полициски час
Од ЈСП истакнуваат дека новиот режим на функционирање на јавниот превоз е согласно мерките и насоките од надлежните институции за справување со појавата и ширењето на коронавирусот.
Во контекст на правилно спроведување на мерките и препораките за заштита, превенција и спречување на ширење на корона вирусот Ковид-19, Општина Кисела Вода обезбеди мобилен тим кој ќе им помага на ранливите категории граѓани за време на викендот
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од Општина Кисела Вода, соопштуваат од РСЦУК – Скопје
Во финална фаза е подготовката на 50 социјални пакети, со храна и средства за хигиена, за 50 ранливи домаќинства од Карпош
Службите на Општина Аеродром продолжуваат со дезинфекција и чистење на јавните површини како една од мерките за заштита од КОВИД-19
Поточно, додека трае вонредната состојба, Град Скопје нема да постапува по опомените за 2019 година кои се доставени до обврзниците за данок на имот и до обврзниците за комунална такса – фирмарина и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.