Со 30 работници на терен, две автоцистерни, три специјални комунални возила – патарки и две електрични метларки, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска генерално ја чисти општината Гази Баба
Утре, петок (11.10.2019 година), поради државниот празник 11 Октомври-Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред
Во текот на изминатите 10 дена (30.09 - 09.10.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 433 возила од јавните површини
Дел од вработените во општинската администрација деновиве беа обучени како да воведат родова перспектива во своите програми, што во следната фаза ќе помогне за родово одговорно буџетирање
Денеска , 10.10.2019 година (четврток), од 12:00 часот, кај алпинистичката карпа на Кејот на реката Вардар, изјава за медиуми ќе даде градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, во пресрет на почетокот на активности за изведба на Спортско – Адреналинскиот парк
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов очекува до крајот на ноември или во првата половина од декември, Градски енергетски системи (ГЕС) да ја добие лиценцата за дистрибуција на топлинска енегрија во сисемот за централно греење во Градот.
Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ е првото училиште во кое што има инсталирано фотоволтаична електрана во земјава со моќност од 12 киловати преку 42 панели поставени на покривот. Нејзиното официјално пуштање во употреба беше озаначено денеска на денот на патрониот празник на ова скопско училиште.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на патрониот празник на Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ во Скопје
Во наредната година и половина ќе се гради градинка во Волково, општина Ѓорче Петров, со капацитет за 175 деца поделени во осум занимални (од 0 до 6 години)
Во завршна фаза е изведбата на првото инклузивно детско игралиште, непосредно до платото „Делфина“, во Влае 2