Британците преку јавно гласање на Би-Би-Си го прогласија легендарниот пејач Дејвид Боуви за најдобар изведувач на 20. век. Тој почина на 10 јануари 2016, по битка со ракот.
Канадскиот пејач Брајан Адамс објави песна со наслов „Shine A Light”, која е најава за истоимениот студиски албум, кој ќе биде пуштен во продажба на 1 март.
Американскиот актер и музичар Џеред Лето и неговиот бенд „Thirty Seconds To Mars“ ќе организираат фестивал на хрватскиот остров Обоњан, близу Шибеник, што ќе трае од 9 до 12 август.
Холивудската ѕвезда Том Харди и неговата сопруга Шарлот Рајли добија син и, според неименувани извори, го крстиле по култниот филмски лик Форест Гамп, што во истоимениот оскаровски филм го овековечи Том Хенкс.
Американскиот актер Мет Дилон пристигна во српскиот филмски град Дрвенград-Кустендорф, изграден од познатиот познатиот режисер Емир Кустурица, каде што се одржува 12. Филмско-музички фестивал. Глумецот беше пречекан лично од домаќинот и од голем број новинари.
Војвотката од Сасекс, Меган Маркл презема сѐ поголема улога во британското кралско семејство, станувајќи заштитничка на четири организации, меѓу кои и Националниот театар.
Федералниот суд на Лос Анџелес ја отфрли тужбата за сексуално вознемирување, што актерката Ешли Џад ја беше поднела против холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.
Во Лондон овој викенд се одржува Лондонска недела на машка мода, на која дизајнерите ќе ги прикажат најновите креации за облека за мажи.
Пејачот на поп-групата Марун 5, Адам Ливајн и неговата сопруга, намибиската манекенка Бехати Принслу го купија имотот во кој живееја Бен Афлек и Џенифер Гарнер пред да се разведат. Цената изнесува 32 милиона долари.
Инстаграм моделот за костими за капење, Ариела Ниса многу пати беше критикувана од некои од своите 159.000 следачи, дека како манекенка, има премногу целулит. На тоа таа одговори прилично жестоко и исцрпно…