Семејството на американскиот музичар Принс, кој почина во 2016 година од предозираност со лекови против болки, поднесе тужба против неговиот личен лекар Мајкл Шуленберг за несоодветно лекување на музичарот.
Марија Спасовска, ученичка во осмо одделение од Основното училиште „Александар Македонски“ од Скопје ќе ја претставува Македонија на 16-то издание на Јуниорскиот Евросонг кој се оддржува на 25 ноември во Минск, Белорусија.
Организаторите со жалење само на неколку часа пред одржувањето на коцнертот на популарниот хип-хоп артист Шон Пол, сооптиија дека тој нема да се одржи. Причините, велат, дека биле технички и Шон Пол не можел да пристигне во Скопје.
Фестивалската програма на „Џојфест 2018“ ќе започне во 20 часот и 30 минути, а настанот ќе се одржи на централниот градски плоштад во Крива Паланка.
Џенифер Лопез е годинешниот добитник на „Мајкл Џексон видео наградата“ за особен придонес во областа на музичките спотови и филмовите, со кои добитниците се претставуваат пред публиката. Лопез, освен што е пејачка е и глумица.
Една од најпопуларните телевизиски водителки, Опра Винфри, со неколку пријатели се одмора на луксузна јахта во Дубровник.
Музичарот Мерилин Менсон колабираше за време на концертот во Хјустон. Контроверзниот уметник и се пожали на публиката дека чувствува топлотен удар и за време на изведбата на песната „Sweet Dreams (Are Made of This)“ падна на сцената.
Со енергичниот настап на групата „Дубиоза колектив“ засилена со познатиот трубач од Струмица, Џамбо Агушев, и со настапите на „Црвена јабука“ и Саша Ковачевиќ, синоќа беше спуштена завесата на трите завршни музучки вечери на Струмица опен фестивал.
Најмалку 14 лица беа повредени и однесени во болници, откако реквизитите на влезот на туристички комплекс во кој концерт требаше да одржи групата Бекстрит бојс, се урнаа и повредија гледачи.
Францускиот композитор и пејач Шарл Азнавур плати 40.000 долари за своја ѕвезда на Булеварот на славните во Лос Анцелес.