Песна посветена на претстојниот настап на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО2020, што од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи ширум Европа, објави денеска популарното музичко дуо „ДНК“.
Познатата ирска пејачка Шинејд О’Конор во својата нова автобиографија „Сеќавања“ истакнува дека не се кае за ништо во животот, па дури ни за кинењето на слика со папата Јован Павле Втори во емисија на Ен-Би-Си пред речиси 30 години
Бен Винстон, режисерот на „Пријатели: Повторен собир“ ги отфрли гласините за наводното нарушено здравје на Метју Пери
Организаторите на „Оскарот“ соопштија дека следното доделување на овие филмски награди ќе се случи кон крајот на март 2022 година, еден месец подоцна од предвиденото
Глумецот Стивен Сегал, кој е специјален пратеник на руското Министерство за надворешни работи, за руско-американски хуманитарни односи, во сабота официјално ќе стане член на руската партија „Праведна Русија – за вистината“. Таа се занимава со еколошки прашања
Грчкиот централен археолошки совет одобри фотографирање на неколку големи археолошки споменици, вклучително и Акрополот – за француската луксузна модна куќа „Диор“
Куќата во која во 1990-тите живееле Курт Кобејн и Кортни Лав, се продава за 998.000 долари. Двокатното здание се наоѓа во Холивуд и не е реновирано откако ја користел овој славен пар, пишува „Пипл“
Пејачот на италијанската група „Манескин“, која е победник на „Евровизија“ за 2021 година, не користел кокаин за време на финалето
Можеби попозната како „Мери Попинс“ или сопруга на комичарот и режисер Џон Красински, глумицата Емили Блант вели дека нејзините две ќерки се доволно мудри за да не бидат луди по славата на своите родители
Поранешниот американски бејзбол-играч Алекс Родригез ја претстави својата нова линија козметички производи за мажи. Ова е плод на соработката со брендот „Химс енд хрс“, и се работи за коректори на „недостатоци“ на лицето, во 8 нијанси