Големиот марш на Аргентина до финалето на Светското првенство во кошарка го предводи легендата на тимот Луис Скола. 39-годишниот Аргентинец забележа 28 поени и 13 скока во победата на „гаучосите“ над Франција во полуфиналето на Мундијалот.
Аргентина и одржа лекција на Франција и ја исфрли од Светското првенство со резултат 80:66 во второто полуфинале на турнирот.
Аргентина ќе игра финале СП во кошарка по трет пат во својата историја! Луис Скола и неговите соиграчи ја совладаа Франција со 80:66 (21:18, 18:14; 21:16, 20:18) во второто полуфинале на СП 2019 во Кина и заслужено обезбедија место во спорот за титулата со Шпанија.
Шпанската репрезентација е прв финалист на Светското кошаркарско првенство во Кина, откако попладнево во драматичен дуел по две продолженија ја победи Австралија со 95:88 (22:21, 10:16, 19:18, 20:16, 9:9, 15:8).
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, по триумфот над селекцијата на САД, во дуел за пласман од 5-тото до 8-то место на Мундобаскетот во Кина, изјави дека има мешани чувства.
Србија нанесе уште еден пораз на Соединетите Американски Држави на Светското првенство во кошарка, победувајќи со 94-89 во дуел за пласман од 5-то и 8-мо.
Во просториите на Кошаркарската федерација на Северна Македонија денес беше одржана жрепка за натпреварувачките броеви на клубовите кои претстојната сезона ќе се надигруваат во Првата лига (мажи).
Напаѓачот на Детроит, Блејк Грифин, верува дека Клиперси секогаш ќе бидат подобри од Лејкерс, но ривалот го има приматот во Лос Анџелес.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го освоија второто место на меѓународниот меморијален турнир „Антонио Алексе“ во Романија, откако вчеравечер загубија од домаќинот Орадеа со 97:64.
Донован Мичел беше најуспешен во разочарувачкиот пораз на САД во четвртфиналето на СП 2019 со 79-89 против Франција.