МЗТ Скопје и Партизан одиграа квалитетен и возбудлив натпревар во салата „Јане Сандански“ пред повеќе од 4.000 гледачи. Во новата сезона на АБА-лигата домашната екипа триумфираше со резултат 92-89.
Пред стартот на новата сезона во македонскиот кошаркарски шампионат, екипите на Гостивар и Работнички вечерва ќе одиграат пријателски натпревар од хуманитарен карактер.
Двејн Вејд се договорил со Кливленд кавалирс и во наредната сезона повторно ќе игра заедно со Леброн Џејмс, пренесува ЕСПН.
Кошаркарскиот Суперкуп оваа година нема да се одигра. И покрај заложбата на Македонската кошаркарска федерација за одржување на истиот, за жал, екипата на МЗТ Скопје Аеродром не успеа да прифати ниту еден од предложените термини за одигрување на Суперкупот.
Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром е максимално разочаран од неодамнешната одлука на Здравствената комисија на МКФ, според која Марко Симоновски не може да смета на отштета од федерацијата бидејќи „немал нова повреда“ односно „скршеница“.
Најзаслужниот за шампионскиот трофеј на Словенија, Горан Драгиќ го доби признанието за најкорисен играч на Европското кошаркарско првенство 2017.
Словенечката кошаркарска репрезентација за прв пат во својата историја го освои шампионскиот трофеј на едно континентално првенство. Вечерва во Истанбул Словенија предводена од извонредниот Горан Драгич ја победи Србија со 93:85.
Репрезентацијата на Шпанија го освои третото место и бронзениот медал на Евробаскет 2017, откако попладнево во „малото финале“ во Истанбул ја совлада Русија со 93:85 (21:13; 24:15; 21:27 и 27:30).
Шпанија ја оствари седмата победа на Европското првенство, повторно без поголеми проблеми, иако Германците јуначки се бореа. Словенија со седмиот триумф се пласираше во четирите најдобри.
Во Истабнул, Турција за денеска и утре е предвидено да се одиграат натпреварите од четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство.