Словенечкиот репрезентативец Лука Дончич е прогласен за најкорисен кошаркар оваа сезона во Евролигата.
Вицепрвакот во НБА лигата, тимот на Кливленд Кавалирс го победи Бостон Селтикс со 116:86 ноќеска на домашен терен и намали на 2-1 во финалето на Источната конференција.
Кошаркарите на Реал Мадрид ќе играат во финалето на Евролигата, откако синоќа во вториот полуфинален натпревар од завршниот турнир во Белград ја победија ЦСКА Москва со 93:82.
Управата на кошаркарскиот клуб Работнички денеска донесе одлука со која на претстојните натпревари од финалната серија на плејофот нема да прифати организирана гостинска навивачка група во салата „Градски парк“ .
КК Работнички и МЗТ Скопје Аеродром заедно со МКФ денеска одржаа прес-конференција пред финалната серија во домашното натпреварување во машка конкуренција, на која тренерите на двата тима, Ѓорѓи Кочов и Марин Докузовски, посакаа спектакл и полни трибини без инциденти.
Македонската кошаркарска федерација (МКФ) на денешната прес-конференција, со која ја најави финалната серија од плејофот помеѓу КК Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, на кошаркарскиот клуб од Градскиот парк му додели признание.
Еден од најголемите таленти на европската кошарка, словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ изјави дека се уште не донел одлука дали ќе се појави на НБА Драфтот оваа година и дали ќе заигра во најсилната лига во светот.
Актуелниот шампион Фенербахче, ЦСКА Москва, Реал Мадрид и Жалгирис ќе спорат во полуфиналето денеска, 18-ти мај со мислата за големото финале во недела, 20-ти мај.
Завршниот „Фајнал фор“ турнир од кошаркарската Евролига што претстојниот викенд ќе се игра во Белград ќе донесе приход од 18 милиони евра за српската метропола, смета градскиот менаџер Горан Весиќ.
Екипата на Бадел 1862 продолжува да доминира во македонското кошаркарско првенство. Кошаркарките од клубот од скопската општина Кисела Вода со 3-0 во финалната серија од плејофот го совладаа градскиот ривал Вардар и ја запечатија петтата титула во низа.