Бостон Селтикс започна моќно во финалето на Источната конференција на НБА против Кливленд Кавалирс. Маркус Морис ја исполни заканата и успеа да ја задржи ѕвездата на гостите Леброн Џејмс, откако го ограничи до скромни за „кралот“ 15 поени.
Торонто репторс го отпушти тренерот Двејн Кејси, но и покрај тоа претседателот на канадскиот клуб, Масаи Уџири, смета дека 61-годишниот стручњак треба да биде избран за тренер на годината во НБА лигата.
Младата ѕвезда на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Лука Дончиќ покажа зошто многумина сметаат дека ќе биде избран за најдобар на Драфтот во НБА во текот на летото.
Бостон се пласираше во финалето на Источната конференција на НБА, откако триумфираше со 114:112 против Филаделфија и така ја освои серијата со 4:1 во победи.
Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант освои уште една награда за анимацијата „Dear Basketball“.
Шампионот на НБА, Голден Стејт ја продолжува својата одбрана на титулата откако се квалификува во финалето на Западната конференција.
Втора сезона по ред Лука Дончиќ од Реал Мадрид ја освојува наградата за „ѕвезда во подем“ на Евролигата. Деветнаесет годишниот талент го повторува стореното од Никола Миротиќ, кој ја освои наградата во две последователни години како играч на „белите“ - во 2011 и 2012.
Екипата на Кливленд Кавалирс ќе игра за титулата на Источната конференција четврта година по ред, откако ја освои полуфиналната плејоф серија против Торонто со 4:0. Во четвртиот натпревар, Кавалирс го поразија својот противник со 128:93.
Тренерот на Црвена звезда, Душан Алимпијевиќ си замина од кошаркарскиот клуб по последниот пораз во српското првенство викендов од Мега Бемакс.
Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос изјави дека е подготвен да се изнајде решение за спорот со Евролигата со цел да се избегне заминувањето на грчкиот кошаркарки клуб од елитното натпреварување.