Голманот на египетската ракометна репрезентација Карим Хандави е нов член на македонскиот прволигаш Еурофарм Пелистер, соопшти вечерва клубот од Битола.
Домаќинот Египет славеше над Чиле со 35:29 (18:11) во премиерниот натпревар на Светското првенство во ракомет, што вечерва официјално започна во Каиро.
Без присуство на публика поради пандемијата на Ковид-19 вечерва во Каиро свечено е отворено 27-то Светското првенство во ракомет.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) вечерва изрази благодарност до Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) за поканата македонската репрезентација да настапи на Мундијалот што утре започнува во Египет.
Вториот противник на македонските ракометари во рамки на Г групата ќе биде домаќинот Египет в сабота од 18 часот, додека натпреварите по групи избраниците на Данило Брестовац ќе ги заокружат против Чиле в понеделник од 15:30 часот.
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) вечерва потврди дека македонската репрезентација ќе настапи на Мундијалот што утре започнува во Египет, откако претходно денеска Чешка го откажа настапот поради коронавирус во своите редови.
За потсетувње, првично претставниците на организацискиот комитет одобрија прием на навивачи во број триесет проценти од капацитетот на трибините, па потоа бројката беше спуштена на дваесет проценти.
Македонската ракометна репрезентација го победи Чиле со 28:24 во вториот пријатески натпревар одигран денес во СЦ „Јане Сандански“.
Македонската ракометна репрезентација триумфираше на првиот натпревар во новата година, совладувајќи го вечерва Чиле во контролен натпревар во Скопје со 25:21 (15:11).
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) вечерва ја објави листата на арбитри, кои ќе ја делат правдата на претстојното Светско првенство во Египет, на која се најдоа и македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.