Шпанија останува на европскиот ракометен трон. „Црвената фурија“ во финалето на 14. ЕП ја совлада Хрватска со 22:;20 (полувреме: 12:11). „Коцкестите“ не искористија напад за израмнување (Карачиќ направи чекори) додека Шпанците реализираа преку Душебаев за голема радост во распродадената „Теле2 арена“ во Стокхолм.
Домагој Дувњак е прогласен за најдобар ракометар на 14. Европско првенство што завршува попладнево со големото финале меѓу Шпанија и Хрватска
Ракометарите на Хрватска во финалето в недела на Европското првенство во Стокхолм ќе играат против Шпанија, бранител на титулата освоена пред две години во Загреб. Шпанија во второто полуфинале синоќа ја совлада Словенија со 34-32 (20-15)
Македонските ракометари ги дели само еден бараж двомеч за пласман на Светското првенство во Египет во 2021 година. Европската ракометна федерација (ЕХФ) попледнево го објави квалификацискиот формат за мундијалот што оди во полза на „црвено-жолтите“.
Машката ракометна репрезентација на Хрватска по третпат во историјата ќе се бори за титулата европски шампион откако во полуфинале што траеше два часа и 15 минути и по две продолженија ја совладаа Норвешка со 29:28 (мечот во регуларниот дел заврши 23:23).
Норвешките ракометни репрезентативци ќе добијат по 18.000 евра доколку успеат да ја освојат титулата на Европското првенство на кое се кодомаќини со Шведска и со Австрија.
Без неколку од своите звучни имиња, Вардар ја почна новата 2020 година со победа, откако одигра тренинг натпревар против Еурофарм Работник.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат финалето на Европското првенство.
Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари ќе биде организатор и домаќин на „Меѓународен турнир за млади категории КЛ7 2020“. На турнирот, покрај домаќинот ќе учествуваат и екипите на Вардар, Металург, Еурофарм и ПИК Сегед од Унгарија
Познати се полуфиналните двојки по одигрувањето на денешните натпревари на Европското ракометно првенство.