Панорамскиот автобус со кој се превезуваа ракометарите на Вардар од аеродромот до центарот на Скопје, пристигна на плоштадот „Македонија“.
Ракометарите на Вардар и европски шампиони пристигнаа на плоштадот Македонија каде што околу десетина илјади најверни навивачи на Вардар повеќе од три часа ги чекаа за да им искажат благодарност за втората европска титула.
Најдобриот македонски ракометар и еден од најдобрите во светот, Кирил Лазаров во изјава за хрватските медиуми кажа дека е многу горд на успехот на Вардар. Тој рече дека е неверојатно ова што го направи Вардар.
-Екипата е феномелана. Сигурен сум дека ова не е крај. Напротив убеден сум дека обва е почеток на нови успеси, нагласи Скубе.
Голманот на Вардар, Дејан Милосављев во својата дебитантска сезона во вардаровиот тим стигна до шампионскиот трофеј во елитната лига.
Најдоброто лево крило во Лигата на шампионите Тимур Дибиров рече дека с еуште не верува дека по втор пат со Вардар е на европскиот ракометен трон.
Плоштадот Македонија вечерва е премал да ги собере сите граѓани и фанови на Вардар кои дојдоа да му оддадат почит на ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНИ.
Ракометарите на Вардар и европски шампиони ја почнаа прославата на титулата од Скопскиот аеродром.
Играчите на Вардар и ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ пред малку слетаа на скопскиот аеродром.
Чартер летот со европскиот шампион Вардар се приближува кон Скопје. Според информациите на flightradar24 авионот се наоѓа на границата со Косово.