Македонскиот ракометен првак Вардар ќе игра во завршницата на ракометната Лига на шампиони откако вечерва на гостувањето кај Пик Сегед ја одбрани предноста од осум гола од првиот меч во Скопје пред десет дена.
Екипата на Вардар вечерва од 19 часот во спортската сала „Вароши“ го игра реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПИК Сегед
Поранешниот прв човек на РК Вардар и почесен претседател на клубот, Михајло Михајловски преку соопштение ја информираше јавноста дека се прават напори клубот да остане високо ниво и по заминувањето на Сергеј Самсоненко
Во просториите на РФМ денеска беа извлечени полуфиналните двојки од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.
Во кординација со управата на РК Вардар, навивачите на „црвено-црните“ отворија жиро сметки, денарска и девизна, на кои ќе можат да се донираат средства за клубот
Ракометарите на Вардар минимално со 32:31 го победија Металург попладнево во натпревар од 3.коло на Суперлигата
Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо по вчерашната победа против ПИК Сегед (31-23) во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите изјави дека е горд на играчите и на постигнатото од нив и покрај проблемите со кои се соочувал тимот во последно време.
Само во нашата мајка Македонија може да има вакви грла, публика и срца .Ние ќе го памтиме ова цел живот, чест и ежење е да се пее за Вардар!!!
Екипата на Вардар го совладат ПИК Сегед со 31-23 (14-12) во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони и со тоа си обезбеди добра предност пред реваншот во Унгарија.
Во пресрет на последниот натпревар на Вардар на домашен терен против ПИК Сегед во Лигата на шампионите, Тимур Дибиров со емотивен статус преку Инстаграм се прости од Македонија