Ред песна, ред солзи: Вардарки пречекани пред СЦ Јане Сандански (Галерија)
Тренерот на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова на пресот по поразот во финалето на Лигата на шампионите од Ѓер со 27-26 (20-20, 9-9), изјави дека е горда на постигнувањето на своите ракометарки и е благодарна што го предводела овој тим.
Приказната на Кометал Ѓорче Петров останува неповторена. И ова не е само крај на еден сон, ова е крај и на најамбициозното и најуспешно поглавје во историјата на клубот, бидејќи овој тим на Вардар целосно се растура на крајот на сезоната.
МВП играчот на Ф4 турнирот во Будимпешта, Амандин Лејно се расплака во последната изјава од унгарската престолнина.
Во петтиот обид да стигнат до европската титула ракометарките на Вардар се враќаат со второ сребро од Ф4 турнирот во лигата на шампионите. Вардар мораше да игра продолженија исто како и лани, и сега дури по дополнителните 2х5 минути ни избега златото. Ѓер триумфираше со 27-26 (20-20, 9-9)
Голманката на Вардар, Амандин Лејно блескаше на финалниот турнир во Будимпешта по што ја освои титулата за најдобар играч, но тоа не му помогна на македонскиот тим да ја освои круната.
Вардарки не успеаја да се збогуваат со големиот трофеј од Лигата на шампионите, овој силен македонски тим не се качи на европскиот трон, а малку фалеше.
Ова е првпат една екипа да ја одбрани титулата во женската лига на шампионите откако се игра овој формат на натпревари. Вардар е единствениот тим што има пет настапи на Ф4 турнирите, но остана без титулат што толку ја посакуваше.
Ракометарките на ЧСМ Букурешт го освоија бронзениот медал на завршниот турнир во Лигата на шампионите (ЛШ). Романскиот тим во натпреварот за третото место го совлада Ростов Дон со 31:30.
Вардар втора сезона по ред ќе игра во финалето на ЕХФ лигата на шампионите, и повторно против унгарски Ѓер. Во полуфиналето „црвено-црните" го победија Ростов со 25-19 за ново финале.