Вардаровите ракометарки Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ и Јованка Радичевиќ од следната сезона ќе настапуваат ЧСМ Букурешт, потврди денеска романскиот клубот на својата интернет страница.
До крајот на групната фаза остануваат да се одиграат уште три натпревари. Покрај овој со Пик Сегед, нашите момци треба да играат и со Нант (во гости) и со Висла (дома).
Управниот одбор на Хрватската ракометна федерација го прифати неговиот извештај за ЕП и донесе одлука тој и натаму да ја извршува функцијата.
На прес-конференцијата по натпреварот тренерот Раул Гонзалес потенцираше дека тимот имал добар голман, и дека е задоволен како неговиот тим го одиграл натпреварот.
Требаше да биде дерби на колото во СЕХА Газпром лигата, но дуелот во Скопје меѓу Вардар и Целје во целост му припадна на актуелниот првак кој триумфираше со 35-27 (20-10).
Вардар во февруари игра со забрзано темпо и за 13 денови ќе го имаме четвртиот натпревар, овојпат од СЕХА Газпром лигата. Во вторник (20,45 часот МТВ пренос) ни гостува поранешниот европски првак Целје.
Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров е познат по своите атрактивни потези и голови на натпреварите. И на последниот дуел од лигата на шампионите против Барселона, нашиот играч повторно постигна гол со кој се најде на листата на најдобрите за ова коло.
Вардар си обезбеди место во четврт-финалето на лигата на шампионите, но нашите девојки сигурно чекорат и на патот кон Ф4 турнирот во Будимпешта. На последниот меч од Главната фаза на ЛШ во Скопје беше победен Будуќност со 31-24.
По 15 натпревари на Вардар без пораз во лигата на шампионите Барселона успеа да ги освои трите бода на средбата од лигата на шампионите. Шпанскиот тим победи со 29-28, но и покрај тоа „црвено-црните" остануваат на првото место на табелата во А групата во лигата на шампионите.
Вардар останува лидер на табелата во група 2 во Главната фаза со максимални 14 бода, и со најдобра гол разлика (+ 45) и најдобар напад во лигата на шампионите (219 гола).