Екипата на Шкендија од Тетово вечерва претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето во Литванија во рамките на првиот натпревар од 3-то коло од квалификациите од Лига Европа.

Литванската екипа Тракаи поведе во втората минута по грешка на одбраната на тетовчани со 1:0, а стрелец беше Максим Максимов. Шкендија изедначи во 39-тата минута преку Стенио Жуниор, а голот за победа на Тракаи го постигна Максимов во 52-рата минута.

Екипата на Шкендија дуелот го заврши со девет играчи откако црвени картони добија Жуниор во 57-та минута и Адриан Цуцули 62-та минута (втор жолт картон).

Реванш дуелот ќе се игра на 3 август во Струмица.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2017 01:52