Бразилскиот фудбалер Нејмар речиси е извесно дека ќе ја напушти Барселона по немилите настани кои се случија вчера.

Нејмар на тренингот во Мајами се степа со Нелсон Семедо и бесно го напушти теренот, што автоматски беше знак дека трансферот е сè поблиску.

Тој веројатно ќе потпише за ПСЖ бидејќи францускиот клуб веќе е во преговори со таткото на Нејмар и е подготвен да ја плати клаузулата од 222 милиони евра.

До судирот дошло по остриот дуел во текот на фудбалот на мали голови, Хавиер Маскерано и Серџо Бускетс мораа 25-годишното момче да го одвојат од Семедо, па тој го скина маркерот и го напушти тренингот во Мајами.

Нејмар потоа требало да отпатува во Кина, каде што со компанијата „Најки“ требало да го промовира новиот модел копачки, прв персонален и наменет само за него, но и тоа било откажано.

„Нејмар го откажува присуството бидејќи заедно со претставниците е во процес на трансфер“, се наведува во соопштението.

Како што изгледа сега, каталонскиот гигант ќе остане без еден од најдобрите играчи, а „светците“, кога ќе се пресмета и платата која ќе ја прима Нејмар, ќе потрошат речиси 400 милиони евра на еден играч.

На негово место, Барселона сака да доведе неколкумина играчи, меѓу кои најзвучни се Филипе Кутињо и Килијан Мбапе.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2017 01:41