Со оглед на тоа дека Француската фудбалска лига уште не ги добила потребните документи за регистрација на Нејмар, неговото деби за ПСЖ би можело да биде одложено.

Шпанската фудбалска лига има рок до четврток вечер да ги прати потребните документи за Нејмар да може да биде регистриран за натпреварот против Генгамп кој се игра во недела, пренесоа француските медиуми.

Дваесет и петгодишниот Бразилец го засили ПСЖ од Барселона за рекордни 222 милиони евра, а минатиот викенд го пропушти првото коло од француската Лига 1 и натпреварот против Амиен кој ПСЖ го доби со 2-0.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2017 13:53