Со воведните натпревари од шеснаесетфиналето попладнево стартуваше новата сезона во фудбалскиот Куп на Македонија.
Најголемото изненадување го приреди третолигашот Шкендија Арачиново елиминирајќи го скопски Работнички.
Куп на Македонија 1/16 финале:
Борец – Детонит 0:1
Скопје – Пелистер 0:1
Јени Маале – Шкендија 0:5
Карбинци – Силекс 1:4
Кожуф – Арсими 1:2
Новаци – Вардар 0:2
Охрид – Беса 1:5
Шкендија Арачиново – Работнички 2:0
Слободен – Брегалница 0:6
Слога Виница – Струга Трим Лум 1:6
Вардар Неготино – Академија Пандев Брера Струмица 0:4
Џепчиште – Шкупи 0:8
Последните патници во осминафиналето ќе бидат познати на 2 октомври за кога се закажани преостанатите три натпревари од шеснаесетфиналето меѓу Башкими – Воска, Беласица – Македонија Ѓорче Петров и Победа – Гостивар.
Актуелниот освојувач на Купот, Тиквеш, натпреварувањето го започнува од осминафиналето.