На натпреварот меѓу Левадија и Пајдеа во естонското првенство гостите ги побија сите фудбалски правила.

Фудбалерите на естонскиот Пајде успеаја да бидат во заостанување од еден гол по само 15 секунди од натпреварот иако противникот не ја ни пипна топката.

Гостинот го имаше првиот удар на гостувањето на Левадија во националниот Куп, почнаа да комбинираат, топката одеше од нога до нога се до шеснаесетникот, а тогаш Мартин Касе со намера да ја врати до голманот успеа да ја погоди сопствената мрежа.

Левадија славеше со 3-1 до крај на натпреварот и се пласираше во осминафиналето на Купот на Естонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2017 11:51