Лука Модриќ нема да може да настапи за Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија против Барселона поради црвен картон кој го добил во 2014 година против Атлетико Мадрид!

Мадриѓаните две години по ред не играа натпревар во Суперкупот, па сега стигна наплатата за казната од пред три години. Според новото правило, изменето во однос на тоа пред три години, Модриќ би имал право за настап против Барселона на првиот натпревар на „Камп ноу“ во недела, но на него се однесуваат старите пропозиции.

Бидејќи Реал од тогаш не играл натпревар во националниот Супер куп Модриќ ќе мора да ја отслужи суспензијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2017 12:01