На гостувањето кај Вотфорд Ливерпул ќе биде без својот најдобар фудбалер Филипе Кутињо.

Бразилецот не тренираше цела седмица поради болки во грбот и како пренесоа англиските медиуми менаџерот Јирген Клоп нема да смета на него за премиерниот дуел со Вотфорд.

Инаку, и понатаму трае трансфер сагата околу плејмејкерот на Ливерпул, а последните информации се дека „црвените“ ја одбиле новата понуда на Барселона во висина од 105 милиони евра.

Каталонците во него гледаат идеална замена за Нејмар кој прејде во ПСЖ.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2017 12:08