На вечерата која претседателот Вучиќ ја приреди во чест на својот турски колега Ердоган, српскиот министер за надворешни работи повторно ги демонстрираше своите пејачки способности.

Ивица Дачиќ после славната „Милјачка“ и „О, соле мио“ вчера го прошири својот репертоар и на ориентални песни.

Прво ја запеа „Милјачка“ од Халид Бешлиќ, а од неговата изведба бил воодушевен и Муфтијата, кој му пришол и му дал бакшиш.

После тоа, Дачиќ ја запеал и песната која до сега не се нашла на неговиот репертоар „Осман ага“ за која добил аплауз.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2017 23:49