Писмо пронајдено кај еден од загинатите патници на бродот Титаник вчера беше продадено на аукција во Британија за 126.000 фунти (140.000 евра).
Писмото го напишал патникот Александар Оскар Холверсон, трговец од американската сојузна држава Минесота, кој на својата мајка и пишувал дека „ако се биде во ред, ќе стигнеме во Њујорк во среда попладне“.
Холверсон патувал на Титаник со неговат асопруга, Мери, која го преживела потонувањето на тогаш најголемиот брод на светот. Писмото е напишано на хартија од стационерот на Титаник и е делумно оштетено од морската вода. Се смета дека е единственото писмо од Титаник кое било зачувано откако било пронајдено на телото на некој од патниците.
Холверсон воедно пишува дека за време на патувањето го видел бизнисменот Џон Џејкоб Астор, тогаш еден од најбогатите луѓе на светот, кој исто така загинал во потонувањето на Титаник.
– И покрај милионите што ги има, изгледа како најобичен човек. Седи на палубата заедно со сите нас, пишува во писмото на Холверсон.