Претседателот на Романија Клаус Јоханис изјави дека нема да ја смени шефицата на антикорупциското тело Лаура Кодрута Ковеси, како што побара Владата по најновиот развој на случувањата во спорот за корупција што предизвика улични протести.
Јоханис истакна дека нема да ја смени Кодрута Ковеси од позицијата главна обвинителка на Држаното антикорупциско тело, затоа што министерот за правда Тудорел Тоадер не го убедил дека таа треба да биде сменета.
Тоадер во февруари рече дека Ковеси треба да биде сменета, потег за кој многумина сметаа дека е политички мотивиран затоа што агенцијата за борба против корупција истражуваше високи членови на владејачката Социјалдемократска партија.
Тој побара смена на Ковеси затоа што наводно постои сериозна загриженост поради начинот на кој таа работела и оцени дека покажала „претерано авторитарен став“.
Високиот совет на судии смета дека таа не треба да биде сменета.
Илјадници граѓани протестираа во градови во цела Романија со барање оставка од министерот за правда Тудорел Тоадер поради неговото барање да се смени главната обвинителка за корупција. Онлајн петицијата во која се претседателот Јоханис се повикува да не ја смени ја потпишале 108.000 граѓани.