Eвропската комисија ќе објави денеска годишен извештај за напредокот во евроинтеграциите за државите од Западен Балкан, во кој Албанија и Македонија ќе добијат препораки за отворање пристапни преговори.

Србија и Црна Гора може да очекуваат поттик за продолжување на европскиот пат, но со нагласок за обврската за исполнување на сите услови.

БиХ и Косово може да очекуваат критики поради спори реформски процеси. Од Косово ќе се бара зајакнување на ангажманот за дијалог со Србија и спроведување на сите договори, особено за формирањето на ЗСО.

Бугарија која претседава со Унијата силно поддржува проширување на ЕУ на Западен Балкан. За тоа сведочи и самитот на држави ЕУ и Западен Балкан што наскоро ќе се одржи во Софија. Тоа ќе биде прв таков самит по оној во Солун во 2003 година кога на регионот му беше понудена европска перспектива.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2018 09:04