Ненаселениот карпест остров во Егејското Mоре, што Грција го вика Имија, а Турција - Кардак, одново ги затегна односите меѓу Атина и Анкара.

Турџија тврди дека е осторвот е турска територија, Атина ја повика Анкара „да се соземе“.

- Карпите Кардак, нивните територијални вода и воздухот над нив се исклучиво под турски суверенитет, наведува турското Министерство за надворешни работи во соопштение посветено на извештајот на Европската комисија за напредокот на Турција.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на ова реагираше Грција, преку соопштение од грчкото Министерство за надворешни работи, во кое се вели дека во време кога ЕУ ја повикува Турција да го почитува европското право, таа одговара со провокации.

- Турција повторува една флагрантно нелегална позиција и игнорира дека правниот статус во Егејското Море е целосно одреден со меѓународното право. Грчкиот суверенитет над Имија е јасен и неоспорен согласно со Лозанскиот договор од 1923, италијанско- турскиот договор од 1932 и Договорот од Париз од 1947, пишува во соопштението од грчкото Министерство.

Атина воедно ја повикува Анкара „да се соземе“ и да го искористи извештајот на Еврокомисијата за да ја подобри сликата за себе, како во јавноста така и пред меѓународната заедница.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2018 13:33