Препораките на Европската комисија за отпочнување преговори со Македонија и Албанија е „застрашувачки наивна“, пишува германскиот весник „Билд“.

Коментаторот на весникот нагласува дека идејата за ширење на ЕУ е прекумерна и произволно креирана.

- Комисијата на ЕУ сака да прими две нови балкански држави, Албанија и Македонија. Едноставно човек да не поверува. Со отсуство на свеста за сопствените грешки и без врска со реалноста, тоа е застрашувачки наивно, нагласува весникот во својот коментар.

Смета дека ЕУ ниту денес не функционира како што треба и наведува дека 28-те земји-членки се премногу различни, додека нивниот заеднички именител е често пати премал за големите проблеми.

- Романија и Бугарија се две земји, кои се примени, а не беа подготвени за тоа. Но по долгите преговори никој не смееше да ја повлече кочницата за опасност. Бриселските технократи на проширувањето во тоа може ја гледаат смислата на своето постоење. Но пристапите не смеат да си бидат цел сами за себе. Штетата ја трпи ЕУ: се повеќе луѓе не веруваат во таа прекрасна идеја. Бидејќи таа станува произволна, прекумерна и одвнатре неспособна да ги решава проблемите на граѓаните, нагласува коментаторот на „Билд“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2018 14:48