На Брдо кај Крањ во тек е состанок на врвот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), а се разговара за проширување на Европската унија, безбедноста, перспективата за младите и дигиталната преобразба на општеството, што се приоритетни области на словенечкото претседателство со ПСЈИЕ.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа почна во 1996 година во Софија со цел јакнење на регионалната соработка, безбедност и стабилност, а учесници се Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Грција, Хрватска, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Турција, Словенија и Косово.

На вчерашниот воведен состанок на високи претставници на министерствата за надворешни работи на земјите учеснички беше договорено дека со иницијативата, после Словенија, една година ќе претседава БиХ, а потоа таа улога ќе ја преземе Косово.

Домаќинот на денешниот сосанок на врвот, словенечкиот премиер Миро Церар, на маргините на собирот ќе има и билатерални средби со премиерот на Косово Рамуш Харадинај, со претседателот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, додека неговиот евентуален состанок со хрватскиот премиер, за кој се шпекулираше во словенечките медиуми, за сега не е потврден.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2018 11:05