Странските директни инвестиции во Србија во првите два месеца од годинава изнесувале 436,9 милиони евра, односно 21 отсто повеќе отколку истиот период во 2017 година, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ.

Таа потсети дека вредноста на директните странски инвестиции во 2016 година била 2,6 милијарди евра, што претставува „историски успех“.

- Важно е тие резултати да продолжат и во 2018 година, нагласи Брнабиќ.

Според српската премиерка, минатата година биле потпишани договори за добивање буџетски бенифити за 36 проекти во вредност од 50 милиони евра, а повеќе од половина од нив ги спроведуваат домашните компании.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2018 14:56