Бугарија, Грција и Романија треба да направт се што е можно за Србија да стане дел од Европската унија. Тоа го нагласи денеска премиерот на Бугарија Бојко Борисов на прес-конференција во Будимпешта, по средбата на Советот за соработка на високо ниво меѓу Бугарија, Романија, Србија и Грција.

Третата средба меѓу лидерите на четирите држави се одржа во Букурешт и нејзин домаќин беше романската премиерка Виорика Данцила, јави БТА.

На неа учествуваа и грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Борисов оцени дека ако некоја држава од Балканот има проблеми тоа се рефлектира врз сите. Тој напомена дека цел на средбата е развој на инфраструктурата во регионот, дигиталната инфраструктура, поврзаноста, билатералните односи, како и зголемување на растот на економиите на Балканот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 00:06