Околу 800 терористи од Западен Балкан досега се приклучиле на т.н. „Исламска држава“ на Блискиот исток, изјави денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ на состанок на високи претставници за безбедносни прашања што се одржува во Русија.

Тој нагласи дека денес тероризмот е посуров, а терористичките напади многу насилни и дека терористите изградиле финансиски мрежи кои ги прават самоодрживи.

Стефановиќ посебно се осврна на Западен Балкан, за кој рече дека претставува значаен простор за регрутирање членови и симпатизери на ИД што се борат во Ирак и во Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2018 16:25