Српската Влада на денешната седница донесе одлука за мерките на реципроцитет за Хрватска, според кои потпретседателот на хрватската Влада и министер за одбрана Дамир Крстичевиќ не е добредојден во Србија.
Мерките за реципроцитет се донесени како одговор на нотата на Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска од 21 април за забраната за влез во Хрватска на министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин.
Владата на Србија смета дека таквите постапки на Хрватска се спротивни на духот на добрососедската соработка и почитувањето на основните европски вредности, во кои е и слободата за движење на луѓето, се наведува во соопштението. Во него се констатира и дека српската Влада останува определена на изградбата на добрососедски односи со Хрватска, воздржувајќи се од постапки што можат да придонесат за нарушување на односите со соседите.
„Владата на Србија останува посветена на одржувањето на мирот и стабилноста во регионот и почитувањето на европските вредности, во интерес на сите граѓани на Србија и на регионот“